Во големото дерби на Рурската област, екипата на Шалке со 2:1 ја победи Борусија Дортмунд и покажа дека „милионерите“ се наоѓаат во резултатска криза. За нив ова беше трет сезонски пораз.
На другите денешни натпревари од 6.коло на Бундес лигата победа пред своите навивачи забележа и Штутгарт, Баерн и Борусија Менхенгладбах се радуваа како гости, а еден дуел заврши без победник.
Постигнати резултати на петте попладневни мечеви од 6.коло во Германското фудбалско првенство: Шалке – Борусија Дортмунд 2:1, Фрајбург – Баер Леверкузен 0:0, Штутгарт – Хановер 1:0, Келн – Баерн Минхен 0:2 и Падерборн – Борусија Менхенгладбах 1:2.
Вечерва играат Волфсбург – Вердер
Вчера Мајнц – Хофенхајм 0:0.
Последните два дуела се играат утре: Аугсбург – Херта и Хамбургер – Ајнтрахт Франкфурт.
Табела: Баерн Минхен 14 бодови, Борусија Менхенгладбах 12, Баер Леверкузен 11, Хофенхајм 10, Мајнц 10, Хановер 10,…