Француската полиција уапси 68 лица за различни прекршоци на стадионот во Париз и во близина на навивачките зони пред и за време на синоќешниот финален натпревар од Лигата на шампионите меѓу „Реал Мадрид“ и „Ливерпул“.
„Според синоќешните податоци, полицијата на префектурата Париз соопшти дека 68 лица се приведени во фан зоните на Ливерпул и Реал Мадрид во Париз, Сент Дени и во близина на стадионот, се вели во текстот.
Вкупно 238 навивачи добија прва помош поради полесни повреди, јави ТАСС.
Претходно беше објавено дека 46 лица се приведени во Париз и Сен Дени.
Натпреварот заврши со победа на „Реал“ со резултат 1:0.