Претседателот на еден од најтрофејните француски фудбалски клкубови и поранешен шампион на Европа, „Олимпик Марсеј“, Вансан Лабрун, генералниот директор Филип Перез и поранешните први луѓе на клубот Жан-Клод Дасие и Папе Диуф се притворени под обвинение за „финансиски малверзации“ при трансферот на фудбалерот Андре-Пјер Жињак, јави дописникот на МИА од Париз.
Нивното апсење не е поврзано со утринската акција спорведена во повеќе клубови од Втората француска фудбалска лига, кои се обвинети за корупција и местење на натпревари, што му овзоможи на фудбаслкиот клуб од Ним да остане во Втората лига.
Во случајот со „Олимпик Марсеј“, станува ззбор за трансферот на напаѓачот Андре-Пјер Жињак од Тулуз во Марсеј, при што биле исплатени провизии на повеќе лица.
Нивното притворање се случува само неколку часа пред пријателската средба на Франција со Шведска, која се игра во Марсеј.