Приходите на ПСЖ скокнаа од 80 на 542 милиони евра

Од:

Претседателот на францускиот фудбалски шампион ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи објави раст на клупските приходи.

– Никогаш не сме имале сомнежи за способноста на ПСЖ да генерира приходи и да бараме влијателни спонзори. Отсекогаш постапувавме транспарентно. Ние одговоривме на сите прашања во врска со финансиската фер игра.

Благодарение на нашата работа, приходите на ПСЖ пораснаа од 80 на 542 милиони евра преку продажба на билети, малопродажба и спонзорство. Компаниите од различни земји се наши спонзори или сакаат да бидат нив, бидејќи проектот е многу привлечен за нив, тоа е единствено во фудбалскиот свет, изјави Ал-Хелафи за „Марка“.

Катарскиот бизнисмен се стекна со мнозински пакет акции во ПСЖ во 2011 година.

Би можело да ве интересира

ПСЖ не планира да троши пари за нови засилувања

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ

ПСЖ го исфрли Мбапе од тимот и порача: „Килијан е на продажба“

Предраг Петровиќ