Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за освојувачот злато на Европското првенство во џиу џица и бронза на Балканското првенство, македонскиот борец Давид Димовски.
Давид Димовски (во категорија до 52 кг) стана европски шамипон за помлади кадети У-12 на Европското првенство во џиу џица за кадети и јуниори во Гелзенкирхен, Германија. До златниот медал Дамовски дојде по три победи над противниците од Германија и Шведска. Тој добра подготовка имаше на Балканското првенство во Кипар пред една недела каде го освои бронзениот медал.
Неговиот успех и не е случаен ако се знае дека личен тренер на Давид му е неговиот дедо Ѓоко Атанасов, шесткратен шампион на поранешна Југославија.
– Два медала за една недела, апсолутно, е изненадување, изјави претседателот на џиу џицу федерација на Македонија Александар Ацевски.
Инаку на ЕП во Гелзенкирхен на стадионот на ФК „Шалке 04“ се појавија 1.200 натпреварувачи на 14 борилишта со 100 судии. Интересна бише трансформацијата на фудбалскиот терен, затоа што тревата автоматски се отстранувала.
Ацевски вели дека величествената слика на стадионот ги покрила сите организациски пропусти, но и Германците ништо не препуштиле на случајност. Жребувањето се направило транспарентно пред сите тренери.
Според селекторот на џиу џицу репрезентацијата, златниот медал на Димовски на ЕП е потег што треба да го следат и другите натпреварувачи и тренери.
– Ова е многу значаен медал за џиу џица спортот во Македонија, секако, моја лична сатисфакција за понатамошна работа и признание за вложениот труд во изминатите 10 години, истакна Ацевски.
Следните активности на репрезентацијата се Меѓународните турнири во Темерин, Србија, на 14.октомври и на 22.октомври во Сараево, Босна и Херцеговина, а круна на сезоната ќе биде на 5.ноември во Скопје на „Скопје опен 2016“.