Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, ги негираше шпекулациите кои се шират во последниве недели дека раководството на клубот планира да го отпушти Унаи Емери по крајот на сезоната и да го промени со друг тренер.
Ал-Келаифи инсистираше на тоа дека Емери има целосна поддршка од клубот.
– Унаи е нашиот тренер. Ние го поддржуваме целосно. Секој ден ги гледаме имињата кои што се споменуваат за негови заменици, но Унаи е нашиот тренер и целиот клуб стои зад него, рече претседателот на Парижаните.