Фудбалерите на Интер, иако имаа негатива од два гола на полувремето против Катанија, на крајот успеаја да се радуваат на победата со која остануваат во игра за освојување на едно од местата кои водат во Лиагата на шампионите.
Конечните 3:2 ги постави Рикардо Паласио во судиското надополнување, откако претходно (70.минута) истиот играч изедначи на 2:2. Првиот гол за гостите од Милано го постигна Рикардо Алварез во 52.минута.
Катанија поведе со 2:0 во првото полувреме со головите на Гонзало Бергесио и Џовани Маркезе.
Постигнати резултати на другите натпревари од 27.коло во Серија А: Наполи – Јувентус 1:1, Милан – Лацио 3:0, Торино – Палермо 0:0, Сиена – Аталанта 0:2, Болоња – Каљари 3:0, Фиорентина – Киево 2:1, Сампдорија – Парма 1:0 и Пескара – Удинезе 0:1.
Вечерва играат Рома – Џенова.
Табела: Јувентус 59 бодови, Наполи 53, Милан 48, Лацио 47, Интер 47, Фиорентина 45, Катанија 42,…