Пресврт победа на Италија за полуфинале во Купот на конфедерации

Од:

Во ефикасен натпревар со седум погодоци, фудбалерите на Италија ноќеска ја совладаа Јапонија со 4:3, откако на полувреме губеа со 1:2. Со оваа победа Италија го обезбеди полуфиналето на Купот на конфедерации кој се одржува во Бразил.

Головите за Италија ги постигнаа Де Роси (41.минута), Учида (автогол 50), Балотели (пенал 52) и Џовинко (86). За Јапонија погодија: Хонда (пенал 21 минута), Кагава (33) и Оказаки (69).

Претходно од групата А место во полуфиналето обезбеди домаќинот Бразил кој го победи Мексико со 2:0 по двете мајстории на Нејмар кој постигна гол и му асистираше на Жо.

Резултати 2.коло А група: Бразил – Мексико 2:0 и Италија – Јапонија 4:3.

Табела: Бразил 6 бодови, Италија 6, Мексико 0, Јапонија 0.

Вечерва се игра 2.коло во Б групата, од 21 часот играат Шпанија – Тахити, а на полноќ е дуелот Нигерија – Уругвај.

Табела група Б: Нигерија 3 бода, Шпанија 3, Уругвај 0, Тахити 0.

Би можело да ве интересира

Италија го освои третото место на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Завршни натпревари во Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Переира: Време е да заврши шпанската ера

Ана Ололовска

Хернанес ја посакува Шпанија во финалето

Ана Ололовска

Бразил – Уругвај, во првото полуфинале на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Балотели го пропушта дуелот со Шпанија

Ана Ололовска