Со натпреварот Саутемптон – Ливерпул вечерва се комплетира 26. коло во англиската Премиер лига.
Ливерпул победи со 2:0 и се искачи на шестата позиција на табелата доближувајќи се сериозно на екипите кои имаат амбиции следната сезона да играат во Лигата на шампионите, а една од нив е токму Саутемптон.
Гостинските екипи останаа непоразени и на другите две денешни средби.
Постигнати резултати: Тотенхем – Вест Хем 2:2, Евертон – Лестер 2:2 и Саутемптон – Ливерпул 0:2.
Вчера: Астон Вила – Стоук 1:2, Челзи – Барнли 1:1, Кристал Палас – Арсенал 1:2, Хал – Квинс Парк Ренџерс 2:1, Сандерленд – Вест Бромвич Албион 0:0, Свонси – Манчестер Јунајтед 2:1 и Манчестер Сити – Њукасл 5:0.
Табела: Челзи 60 бодови, Манчестер Сити 55, Арсенал 48, Манчестер Јунајтед 47, Саутемптон 46, Ливерпул 45.