Премиер лига: Челзи домаќин на ВБА

Од:

Фудбалерите на Челзи по пласманот во четвртфиналето на ФА Купот денеска имаат нов предизвик. Во натпревар од 28.коло од Премиер лигата европскиот шампион ја пречекува екипата на Вест Бромвич Албион за која настапува Горан Попов. Македонскиот интернационалец нема да биде во составот на ВБА поради казна за добиен црвен картон.

Покрај овој дуел денеска играат уште: Евертон – Рединг, Манчестер Јунајтед –  Норвич, Саутемптон – Квинс Парк Ренџерс, Стоук – Вест Хем, Сандерленд – Фулам, Свонси – Њукасл и Виган – Ливерпул.

Утре се игра лондонското дерби Тотенхем – Арсенал, а в понеделник на програмта е натпреварот Астон Вила – Манчестер Сити.

Табела: Манчестер Јунајтед 68 бодови, Манчестер Сити 56, Тотенхем 51, Челзи 49, Арсенал 47, Евертон 42, ВБА 40, Ливерпул 39,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска