Познати учесниците на завршниот турнир во Келн

Од:

Екипите на Барселона, Киелце, Веспрем и Кил ќе играат на завршниот турнир во ракометната Лига на шампионите во Келн.

Синоќа во реванш четвртфиналето бундеслигашот Кил го совлада унгарскиот тим ПИК Сегед со 31:23 и со тоа ја надополни негативата од два гола од првиот дуел. Во вкупниот резултат беше 60:54.

Веспрем беше убедлив на домашен терен и го совлада ПСЖ со 34:28 (58:52 вкупен резултат). Две победи оствари Килеце над македонскиот преставник Вардар, а во реваншот беше 33:31 (55:51), додека Барселона со 43:21 (68:44) го елиминира Загреб.

Извлекувањето на полуфиналните двојки ќе се изврши утре во Келн. Полуфиналето се игра на 30.мај, а следниот ден (31.мај) на програмата се дуелот за третото место и финалето.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП