Познати составите за мечот Вардар – Реал Сосиедад

Од:

Чедомир Јаневски шефот на стручниот штаб на ФК Вардар ги одбра петнаесетината фудбалери со кои ќе го започне натпревраот против Реал Сосиедад.

Македонскиот шампион Вардар вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, ќе го игра третиот меч од групната фаза во Лига Европа, во кој за противник го има реномираниот шпански тим Реал Сосиедад.

Вардар мечот ќе го започне со следниве единаесетмина: Гачевски, Грнчаров, Хамбарџумјан, Новак, Глишиќ, Николов, Глигоров, Хуан Фелипе, Барсегјан, Џигаури и Итало.

Гостинскиот тренер Еусебио Сакристијан се среши за следниве единаесетмина: Рули, Љоренте, Иљараменди, Зубелдија, Прието, Вилијан, Елустондо, Каналес, Ојарзабал, Де ла Бела и Горосабел.

Дуелот, Вардар – Реал Сосиедад ќе започне во терминот од 19 часот, а ќе го суди Алијар Агхајев од Азербејџан.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска