Во швајцарскиот град Нион каде се наоѓа седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска беа извлечени двојките за полуфиналето во Лигата на Европа.
Двојките ги извлече прославениот холандски голгетер Руд Ван Нистерлој, а според жрепката во полуфиналето ќе играат: Фенербахче – Бенфика и Базел – Челзи.
Првите натпревари од полуфиналната фаза во ЛЕ ќе се играат на 25 април, а реваншите се закажани за 2 мај.
Финалето на сезоната 2012/13 во второто по квалитет европско клупско фудбалско првенство ќе се одигра на 15 мај во Амстердам, Холандија.
Следува извлекувањето на паровите за полуфиналната фаза во Лигата на шампионите.