Познати се четирите тима кои ќе играат во полуфиналето на фудбалската Лига на Европа.
Екипите на: Ливерпул, Виљареал, Шахтјор и бранителот на трофејот Севиља ќе се борат за место во финалето на второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Во реванш четвртфиналните натпревари одиграни синоќа, Виљареал и Шахтјор уште еднаш беа подобри од своите противници, додека вистинска драма имаше на преостанатите два меча.
Во Ливерпул на „Енфилд“, германскиот преставник Борусија Дортмунд иако имаше два гола предност сепак популарните „Милионери“ не успеаја да ја сочуваат односно, Ливерпул благодарение на голот на Ловрен во 91-минута забележа победа со 4:3 и се пласира во полуфиналето.
А, таму за место се избори и бранителот на трофејот Севиља и тоа откако по подоброто изведување на пенали го совлада шпанскиот ривал Атлетик, кој во регуларниот дел успеа да ја анулира негативата од 1:2 по првиот меч во Билбао.
Комплетни резултати од реванш четвртфиналните дуели во Лига Европа:
Ливерпул – Борусија Дортмунд 4:3 (1:1 прв натпревар),
Севиља – Атлетик Билбао 5:2 на пенали 1:2 (2:1),
Спарта Прага – Виљареал 2:4 (1:2) и
Шахтјор – Брага 4:0 (2:1).
Двојките за полуфиналните натпревари ќе бидат извлечени попладнево.