Познати критериумите за пласман при ист број бодови на СП

Од:

Раководството на Светската фудбалска федерација (ФИФА) излезе со 80 страници на правила за Светското првенство 2018. Документот појаснува од кодексот на облекување на тимовите, интонирањето на химните, па се до пропозициите за натпреварите.

Многу е важен членот 32 кој се однесува на напредувањето на репрезентациите кон нок-аут фазата.

Добрата вест е дека комплицираните пресметки од Евро 2016 нема да бидат потребни на Светското првенство во Русија.

Првите две репрезентации од секоја од осумте групи одат во следната рунда. Доколку две екипи се со ист број бодови на крајот од групната фаза тогаш следните критериуми важат за одредување на подобар пласман:

– гол-разликата на сите натпревари во групата
– повеќе постигнати голови
– гол-разликата од натпреварите на засегнатите тимови
– повеќе постигнати голови на натпревари во групите помеѓу засегнатите тимови
– поголем број поени добиени од врз основа на фер-плеј(минус еден поен за жолт картон, минус три бода за индиректен црвен, минус четири бодови за директен црвен, минус пет бода за жолт и директен црвен картон)
– ждрепка од страна на организацискиот комитет на ФИФА.

Правилата се полесни во 1/16 финалето. Ако резултатот е нерешен по 90 минути, тогаш се играат две продолженија од по 15 минути, а ако и тогаш нема победник тогаш ќе се изведуваат пенали.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он