На првиот Гренд слем годинава, Австралија опен (АО), комплетирани се првите две четвртфинални двојки на женскиот дел од турнирот.
Марија Шарапова против Еужени Бушар и Сара Халеп против Екатерина Маркова ќе се борат за место во полуфиналето.
Ова е епилогот по денешните натпревари одиграни во Мелбурн, а во рамките од 4.коло.
Русинката Марија Шарапова (2-носителка) лесно ја победи Шуаи Пенг од Кина на која и препушти само три гема (6:3 и 6-0).
Нејзината противникла Канаѓанката Бушар (7-носителка) имаше поголеми проблеми против Ирина – Камелија Бегу од Романија против која одигра три сета (6:1, 5:7 и 6-2).
Во преостанатите два меча, фаворитките беа убедливи и славеа победи во два сета. (3-носителка) Симона Халеп од Романија ја победи Јанина Викмајер од Белгија со 6:4 и 6:2, а Русинката Екатерина Маркова (10) со 6:3 и 6:2 беше подобра од Јулија Георгес од Германија.