Познати десет учесници на ЕП за фудбалери до 21 година

Од:

По завршувањето на натпреварите во деветте групи од квалификацискиот циклус за Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година што во 2017 година ќе се одржи во Полска познати се десет учесници, а остануваат да се одиграат уште бараж натпреварите меѓу најдобрите четири второпласирани од групите.

Покрај домаќинот Полска, директен пласман обезбедија првопласираните меѓу кои е и Македонија (3-група). Останатите „патници“ на евро-шампионатот се: Чешка (1-група), Италија (2-група), Португалија (4-група), Данска (5-група), Шведска (6-група), Германија (7-група), Словачка (8-група) и Англија (9-група).

Бараж ќе играат Србија (2-група), Шпанија (6-група), Австрија (7-група) и Норвешка (9-група).

Двојките ќе бидат познати по жрепката закажана за в петок.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска