Со одигрувањето на реванш осминафиналните дуели познати се екипите кои се пласираа во четвртфиналето на Лига Европа. Бранителот на трофејот Севиља остана „во игра“ откако и во реваншот го победи ривалот од Примера Виљареал со 2:1. Во дуелот на италијанските екипи Фиорентина како гостин ја победи Рома со 3:0 и влезе во ТОП 8 на ова натпреварување.
Резултати на реванш дуелите: Динамо Москва – Наполи 0:0 (1:3 вкупен резултат), Рома – Фиорентина 0:3 (1:4), Динамо Киев – Евертон 5:2 (6:4), Ајакс – Днипро 2:1 продолжение (2:2), Бешикташ – Бриж 1:3 (2:5), Интер – Волфсбург 1:2 (2:5), Севиља – Виљареал 2:1 (5:2) и Торино – Зенит 1:0 (1:2).
Пласман во четвртфиналето обезбедија: Наполи, Фиорентина, Динамо Киев, Днипро, Бриж, Волфсбург, Севиља и Зенит.
Извлекувањето на двојките ќе се одржи денеска во Нион.