Откако вчера беше комплетиран списокот на екипи кои ќе продолжат со натпреварите во фудбалската Лига Европа, денеска со ждрепка во Нион, беа одредени двојките за четвртфиналето.
Актуелниот првак во ова натпреварување, Севиља за противник во четвртфиналето ќе го има шпанскиот ривал Атлетик Билбао.
Останатите двојки се: Борусија Дортмунд – Ливерпул, Брага – Шахтјор и Виљареал – Спарта Прага.
Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 7 април, а реванш дуелите се седум дена подоцна (14 април).