Познат распоредот на полуфиналните натпревари во англискиот Лига куп

Од:

Организаторите на англискиот фудбалски Лига куп го соопштија денеска распоредот на полуфиналните натпревари, кои се на програмата на почетокот од идната година.

Првиот натпревар од полуфиналето меѓу лондонските ривали Челзи и Тотенхем ќе се игра на 5 јануари, а ден подоцна во Лондон ќе играат Арсенал и Ливерпул.

Реванш натпреварите се една седмица подоцна, а сите започнуваат во терминот од 20:45 часот.

Минатата сезона титулата ја освои екипата на Манчестер сити, која сезонава беше елиминирана во осминафиналето од Вест Хем.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска