Познат хирург: Кејн го проушта Европското

Од:

Познатиот хирург Крис Вилсон изјави дека напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн ќе се врати на терените не порано од следната сезона и ќе го пропушти Европското првенство.

Капитенот на Англија се подложи на операција по повреда што ја доби во левиот бут. Тоа се случи за време на натпреварот против Саутемптон на 1 јануари.

По операцијата од Тотенхем објавија дека Кејн ќе продолжи со тренинзи во април.

– Мислам дека ќе биде аут шест месеци. Ако разговарав со играч од највисоко ниво, немаше да го заведувам и да му речам дека ќе се врати не порано од половина година по операцијата. Ако го оперирав, ќе му кажев да очекува да се врати за предсезонските подготовки. Знам дека во случајот со Кејн, тие зборуваат за април или мај, но јас би бил многу изненаден ако тој се врати во овој период, рече Вилсон, цитиран од „Индипендент“.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска