Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен во второто по квалитет европско натпреварување Еврокупот.
Аеродромци кои одамна ги загубија шансите за пласман во следната рунда, во рамките од 9.коло во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат составот на Нижни Новгород, против кој ќе се обидат да ја оствараат првата победа во ова натпреварување.
Управата на клубот реши влезот за овој натпревар кој ќе започне од 19 часот да биде слободен.
Покрај овој меч, во А групата, попладнево ќе играат Лиеткабелис и Гранд Канарија (18 часот).
Слободна во ова коло е екипата на Цедевита.
Табела: Гранд Канарија 5-1, (победи-порази), Цедевита 5-2, Нижни Новгород 3-3, Лиеткабелис 3-4 и МЗТ Скопје А. 0-6.