Претседателот на Порто, Пинто да Коста објави дека клубот ќе мора да го најде заменик на Икер Касиљас следната сезона.
– Имаме проблем со Касиљас. Тој има договор со клубот кој неодамна го обнови, а нас не ни требаше нов голман, но по случувањата со него ќе мора да бараме ново засилување на оваа позиција“, коментираше Да Коста во интервју за „О Жого“.
Голманот на Барселона, Јаспер Силесен, е меѓу имињата кои се споменуваат за нов голман на Порто.
Португалскиот гигант, сепак, тешко може да извади износ од 30 милиони евра за холандскиот репрезентативец.