Посадата на Porsche 919 Hybrid победи на овогодинешното иѕдание на престижната трка 24 часа Ле Ман.
Членовите на екипажот Ник Тенди, Ерик Бабмблер и дебитантот Нико Хулкенберг кој возеше во Формула 1 до оваа сезона, остварија најдобар резултата, извозеа 395 круга.
Екипажот со број 17 исто така во Порше, мораше да се задоволи со второто место, по грешката на Марк Вебер во раните утрински часови, кога претекнуваше под жолто знаме мораше да одработи казна од една минута во пит стопот. Во вториот екипаж уште се наоѓаа и Тимо Бернард и Брендон Хартли и завршија со еден круг зад победниците.
Трети стигнаа Ауди со Лотерер, Фаслер и Трелује, со тоа заврши 5 годишната доминација на Ауди.
Со оваа победа Порше има 17 вкупно, а Ауди останува на 13.
Во LMP2 класата славеше екипажот 47 во Oreca со 37 круга зад Порше.
Во GTE Pro класата победи екипажот 64 во Chevrolet Corvette кои имаа само еден екипаж и задоцнија 59 круга зад победниците.
Во GTE Am класата победи #72 Ferrari со 64 круга задоцнување.