Во Скопје се одржа трка со специјален протокол

Од:

Во Скопје денеска првпат се одржа трката ХалкЕко Хронометар 10KM. Трката се одржа на кејот на реката Вардар. Учесниците стартуваа од стартната позиција под мостот „Гоце Делчев“ и трчаа до вливот на реката Лепенец во Вардар, каде што завртеа полукружно и се вратија назад до местото од каде што почна трката.

„Денеска покажавме и ние како организатори и тркачите како учесници, дека и во вакви услови на пандемија, кога се преземени сите мерки и протоколи во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, можеме да функционираме. Голема благодарност до сите учесници, сите партнери кои беа со нас“, изјави Кире Синадиновски, директор на трката.

Трката ХалкЕко Хронометар 10KM беше спроведена со специјален протокол, претходно одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Главниот координативен кризен штаб.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка

Утре истекува рокот за пријавување за атлетската трка „Трчаме за Рацин“

Ана Ололовска

Поп Арсова и Ивановски старо-нови шампиони во полумаратон

Ана Ололовска

Штафетна трка за тимови од бизнис секторот

Ана Ололовска

Милјана Ристиќ победи на женската трка во Скопје

Ана Ололовска

Нова и несекојдневна атлетска трка „HalkEco хронометар 10 км!“

Ана Ололовска