„Авицена женска трка“ на 5 април, започна пријавувањето

Од:

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2020, на 5 април ќе се одржи новото, осмо по ред, издание на „Авицена женска трка“.

Како што информираат организаторите, пријавувањето започнува од денеска, 29 јануари преку веб страната www.zenskatrka.mk, а се затвора на 30 март. На денот на трката не е можно пријавување. Оние што ќе се пријават во првите три дена ќе можете да си го изберат омилениот стартен број. При самото пријавување заинтересираните ќе имаат можност да си набават dry-fit маичка, а 100 денари од секоја продадена маичка ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

– Битката за втемелување на здравите навики во секојдневието не е завршена! Токму затоа и оваа година жените ќе трчаат со цел да ја поткренат свеста за здравјето. Авицена Женската Трка стана симбол на Скопје, случување кое со задоволство го прегрнуваат жените од сите возрасти, во име на здравјето, но и во име на добрата дружба, наведуваат организаторите.

И оваа година, дамите ќе трчаат стартувајќи од бул. Илинденска пред Фонтана Лотус и ќе се трча еден круг од 3 км на бул. Илинденска. Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1,5 км ќе има и контролна точка за чиповите.

Секоја година бројот на учеснички на Авицена женска група рекордно расте, а оваа година се очекува на настанот да учествуваат повеќе од 2.500 натпреварувачки. Организаторите и годинава ја продолжуваат соработката со Авицена Лабораторија како насловен спонзор четврта година по ред.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка

Повеќе од 3000 учеснички ја истрчаа Авицена Женската трка

Посебен сообраќаен режим на булевар „Илинден“

Авицена Женска трка на 5 септември, пријавување до 30 август

Ана Ололовска

Милјана Ристиќ победи на женската трка во Скопје

Ана Ололовска

Во Скопје се одржа трка со специјален протокол

А1он