Порше сака да стане снабдувач на мотори за Формула 1

Од:

Шефот на одделот за мотоспорт на Порше, Томас Лоденбах, зборуваше за желбата на компанијата да стане снабдувач на мотори за Формула 1.

– Не е тајна дека навистина размислуваме за Формула 1. Не е тајна дека сме во контакт со ФИА и дека, да речеме, навистина сериозно размислуваме за таква можност, изјави Лоденбах за „Планет Ф1“.

Сепак, конечната одлука сè уште не е донесена.

Исто така, шефот на одделот за мотоспорт на Порше објасни дека компанијата сака да ги промени моторите на тркачките автомобили.

-Колку што знам, во однос на прашањето за Формула 1, многу работи навистина се движат во вистинската насока, особено, во однос на важноста на електрониката. Би сакале да видиме повеќе стандардни делови во дизајнот на моторот, а за електричниот дел, производителите имаат слобода да дизајнираат. И многу од споменатите работи навистина можат да се остварат, додаде Лоденбах.

Претходно во медиумите се појавија информации дека Порше ја разгледува можноста за соработка со Ред Бул или дури и создавање сопствен фабрички тим базиран на Заубер, кој делува во Ф1 под брендот Алфа Ромео.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Најмоќниот 718 Roadster досега: Претставен новиот Porsche 718 Spyder RS

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Енергетска одржливост за успешна електрична мобилност предводена од Порше Македонија

Ана Ололовска