Поразот од Цедевита, 13-ти за МЗТ Скопје во АБА лигата

Од:

Екипата МЗТ Скопје Аеродром го претрпе 13-тиот пораз во регионалната кошаркарска АБА лига, откако попладнево на гостувањето во Загреб, загуби од Цедевита со 81:70.

МЗТ Скопје само во првата четвртина одигра на посакуваното ниво, па по воведните десет минути имаше и предност од 23:21. Во вториот период загрепчани ја засилија  одбраната и на полувремето заминаа со 10 поени предност 48:38. Домаќинот во вториот дел рутинирано ја одржуваше предност и на крајот славеше победа со 81:70.

Во редовите на македонскиот шампион, најефикасен беше Диксон со 26 поени, а двоцифрен број на поени постигнаа уште Сеад Шеховиќ и Александар Цветковиќ, двајцата по 12.

По овој пораз МЗТ Скопје останува 12-ти со 6 победи и 12 порази, пред Игокеа која има победа помалку, но и натпревар за одигрување, и тоа вечерашниот во Белград против Партизан.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска