Македонскиот интернационалец Николче Новевски со својата екипа Мајнц, претрпе пораз на гостувањето во Дортмунд до Борусија со 4:2.
Ова е еден од петте натпревари кои се одиграа попладнево, а се во рамките од 31.коло на германската Бундес лига.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати: Аугсбург – Херта 0:0, Брауншваиг – Баерн Минхен 0:2, Фрајбург – Борусија Менхенгладбах 4:2 и Вердер – Хофенхајм 3:1. Денешната програма ќе ја закружат Хамбургер – Волфсбург со натпреварот кој ќе започне од 18 часот и 30 минути.
Утре ќе играат, Нирнберг и Баер Леверкузен, односно Штутгарт и Шалке. Потсетување дека во првиот дуел од оваа рунда кој се одигра во четвртокот Ајнтрахт загуби од Хановер пред своите симпатизери со 2:3. Табела: Баерн Минхен 81 бодови, Борусија Дортмунд 64, Шалке 58 (-1 натпревар помалку), Баер Леверкузен 51 (-1), Волфсбург 50 (-1), Борусија Менхенгладбах 49, Мајнц 47…