Уругваецот Фабио О’Нил, поренешен играч на Каљари, Јувентус и Перуџа излезе со признание дека наместил два натпревара во Италијанското фудбалско првенство.
– Како играч на Каљари го наместив натпреварот со Киево. На двете екипи одговараше нерешен резултат во борбата за опстанок. Договорив со нивниот капитен да одиграме без победник, а за опстанок во лигата имавме и премија од раководството. Дури вложивме и пари на нерешено и во обложувалниците, изјави поранешниот уругвајскиот интернационалец за еден портал во својата земја.
О’Нил изнесе и детали околу местењето на овој дуел.
– Во 87.минута постигнавме гол за водство од 2:1. Стрелец на голот беше Диего Лопез. Тогаш отидов до него и му реков: Како знаеш да ја исправиш грешката затоа што ако не примиме гол ќе бидеме распнати. И до крајот примивме гол, заврши поранешниот играч на Каљари.