Црногорецот Игор Вукчевиќ го напушти косовскиот ФК Лапи по само 14 дена и 15 одиграни минути.
Како што пишуваат црногорските медиуми, Вукчевиќ побарал раскин на договорот поради транспарентот што се појави на трибините во Приштина на реваншот меѓу Будуќност и Лапи во квалификациите за конференциската лига.
„Вие сте следни“, пишувало на транспарентот на кој стоела карта на поделената Црна Гора, поради што заминал 22.годишниот напаѓач.
Натпреварот заврши 2:2, Вукчевиќ на теренот мина 15 минути, а Будуќност продолжи во следната рунда поради победата 2:0 во првиот натпревар.
Извор: Топспорт