Организаторот на Светското фудбалско првенство 2018 за повеќе од половина милијарда долари го намали предвидениот буџет за трошоците за хотели и инфраструктура.
Руската влада соопшти дека ги намалила расходите во повеќето области на јавната потрошувачка, а тоа се должи на падот на цената на нафтата, која доведе до намалување на руската економија.
Со декрет на премиерот Дмитриј Медведев, кој беше објавен вчера, трошоците во буџетот за Светското првенство се намалени за 29,2 милијарди рубљи (544.000.000 долари) и сега изнесуваат 631,5 милијарди рубљи.
Министерот за спорт Виталиј Мутко рече дека во април владата одлучи да го намали бројот на луксузни хотели, бидејќи повеќето од нив најчесто ќе бидат е празни по Мундијалот.
Руската влада обезбедува повеќе од половината од буџетот за првенството, односно 6,25 милијарди долари.