Фудбалската Федерација на Франција (ФФФ), го одложи полуфиналниот натпревар во Францускиот куп помеѓу екипите на Троја и Бордо кој требаше да се одигра синоќа.
Фудбалерите на екипата на Троја се сместени во регионот Шампањ – Ардан за кој метеоролозите предупредија дека поради обилните врнежи на дожд би можело да дојде до поплави, поради што од (ФФФ) одлучија натпреварот да се одложи до 14 мај.
Втората полуфинална средба на Францускиот куп помеѓу Евијан и Лориент според распоредот би требало да се одигра во вечерва.
Елена Георгиевска