Шпанскиот кошаркарски репрезентативец со црногорско потекло Никола Миротиќ може да биде исклучен од Европското првенство поради вчерашниот инцидент кога го скина знамето на Србија.
ФИБА Европа ја разгледува опцијата да го суспендира Миротиќ поради тоа што не сака да толерира непримерно однесување на учесниците на Евробаскетот, а сака и да спречи поголем револт кај српските навивачи кои се присутни на натпреварите на ЕП, пишуваат шпанските медиуми.
Миротиќ, по загубениот натпревар против Италија, одејќи кон соблекувалните скина српско знаме кое му беше предочено од некој навивач од трибината.
Тој, се извини за тоа што го стори правдајќи се дека не знаел дека тоа било знаме, а додаде дека Србија ја доживува како своја земја.
– Жал ми е, особено што во прашање е Србија, земјата кон која имам голема љубов. Јас се извини и кажав што имам, а луѓето нека ј атолкуваат мојата постапка секој на свој начин. Не можам ништо повеќе да сторам, истакнува Миротиќ.