Поповски по десетти јубилеен пат шампион на Македонија во Дуатлон

Од:

Стојан Поповски од клубот „Софка“ по десетти пат стана шампион на Македонија во дуатлон.

На трката организирана од страна на  Триатлон федерцијата на Македонија и СК Софка, во текот на вчерашниот ден на Кејот на реката Вардар, Поповски во сениорска конкуренција го освои првото место пред Никола Кутаноски и Марко Павловиќ.

Во женска конкуренција победи Росица Костова, клупската другарка на Поповски.

Дуатлонот е дисциплина која опфаќа трчање, возење велосипед и повторно трчање. Во сениорска конкуренција дистанците се 5 км-20км-2,5км.

На третото првенство во дуатлон, учествуваа вкупно 52 натпреварувачи, а освен во сениорска конкуренција трки се одржаа и за помладите за кои патеката беше покуса во зависност од возраста:

-победници јуниори: Бојан Митев и Верица Митреска,
-мастерс: Љупчо Рафески,
-кадети: Душан Костовиќ и Ана Наумоска,
-пионери-постари: Давид Спасов и Бојана Ѓорѓиеска,
-пионери млади: Давид Мијалов и Тијана Переска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен најдобриот голфер на светот

Предраг Петровиќ

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Утре истекува рокот за пријавување за атлетската трка „Трчаме за Рацин“

Ана Ололовска

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска