(ВИДЕО) Поповски: Инвестирањето во спортот останува приоритет

Од:

Унапредување на спортот, негување на неговите ведности, инвестирање во спортска инфраструктура и поддршка на младите во сите општини и натаму останува приоритет на ВМРО-ДПМНЕ, рече на прес-конференција Лазар Поовски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Информираше дека во програмите на кандидадтите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ е планирано изградба на 12 фудбалски игралишта со вештачка трева, 100 повеќенаменски маалски игралишта, продолжување на проектот за изградба на 100 тениски терени, трим патеки за рекреација, изградба на спортски сали  во голем број општини,  реконструкција и адаптација на постојни спортски објекти  (меѓу кои „Партизан 3“ во општина Центар и  „Крсте Петков Мисирков“ во општина Гази Баба), два затворени базена со ватерполо димензии во Крушево и Охрид, развој на училишниот спорт низ унапредување на системот на натпревари во постојните лиги, укинување на котизацијата за учество на натрпревари во рамки на училишен спорт, отворање спортски паралелки преку Национална спортска академија (фудбал, кошарка, ракомет и тенис)  и изградба на сала во средното фискултурно училиште „Методи Митевски-Брицо“.

Ги наведе проектите што во областа на спортот се реализирани во изминатите шест години: новите трибини на арената „Филип Втори“, изградбата на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, завршениот  проект 50 нови фудбалски игралишта, изградени 29 спортски сали низ Македонија, 32  тениски терени во голем број  општини, вештачка карпа за спортско качување, доделување стипендии, спортски пензии и  државна награда 8 Септември за развојот на спортот.

–  Досегашните дела во областа на спортот и младите е гаранција дека и новите проекти во програмите на градоначалниците ќе се реализираат. Со тоа сите заедно ќе придонесеме во изградба на една здрава младина и подигање на спортскиот дух. Тие инвестиции ќе значат и подобра и поздрава Македонија, истакна Поповски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска