Париската полиција спроведе претрес во канцеларијата на ПСЖ, поради сомневање за расна дискриминација при изборот на играчи, објавија дел од француските медиуми.
Претходно, податоците за такви случаи во клубот беа објавени во медиумите во врска со истрагата за финансиските малверзации при трансфери на играчи.
– Ова е стандардна процедура за такви истраги, кусо изјавил претставникот на клубот.
Од ПСЖ неодамна признаа дека одделот за селекција претходно ги избрал играчите врз основа на нивното потекло. На 16 ноември, обвинителството започна истрага за ова прашање.
Според извештаите, лицата задолжени за селекциите во ПСЖ ги поделиле играчите во четири етнички групи: Французи, Магреб, Западна-Индија и Црн Африканец.
Во овој случај, претставници на клубот исто така се осомничени за обработка на лични податоци без дозвола и собирање на лични податоци со лажни, нечесни или незаконски средства.