Пол-позицијата во Остин за Хамилтон

Од:

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе тргне од пол-позицијата на трката од Шампионатот во Формула 1 што ќе се вози вечер за Големата награда на САД.

Британецот ја освои 11. пол-позиција оваа сезона и вкупно 72. во кариерата по најбрзо извозен круг (1:34.822 минути) ноќеска во квалификациите.

Од првиот ред, веднаш до Хамилтон ќе стартува Себастијан Фетел од Ферари.

Третото стартно место е за Валтери Ботас од Мерцедес, а четвртото за Даниел Рикардо. Првите 10 во квалификациите ги пополнија: Кими Раиконен, Макс Ферстапен, Естебан Окон, Карлос Саинц, Фернандо Алонсо и Серхио Перез.

Почетокот на трката е во 21 часот по македонско време.

Евентуална победа на Хамилтон, а пласман на Фетел под петтото место ќе значи нова титула за Британецот.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин