Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, изјави дека гласините за конфликт помеѓу Нејмар и Килијан Мбапе се многу претерани.
Претходно беше објавено дека врската помеѓу Нејмар и Мбапе се влоши по трансферот на Лионел Меси.
На натпреварот со Монпелје (2:0) Мбапе беше сменет и се пожали на еден од соиграчите дека Нејмар не му додавал топки.
– Ова се два фантастични момци. Во фудбалот има конкуренција, и такви работи се случуваат. Нашата цел е да победиме. Инцидентот направи голема врева, но немаше ништо внатре во тимот. Момците разговараа едни со други, јас исто така разговарав со нив. Ги видовте како се смеат на тренинг, истакна Покетино.
Утревечер ПСЖ го чека натпревар во Лигата на шампионите со Манчестер сити.