Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, е позитивен на тестот за коронавирус, пишуваат медиумите од Англија.
27-годишниот играч од средниот ред беше вклучен во составот на националниот тим на Франција за претстојните натпревари во Лигата на нациите, но најавена е дека ќе биде заменет со 17-годишнот Едуардо Камавинга откако менаџментот на репрезентацијата дозна за резултатот на тестот.
Неколку спортски медиуми во Англија шпекулираат дека Погба се заразил со вирусот откако во саботата бил излезен во лондонски ресторан заедно со неговата бремена сопруга Марија и пријателите.
Paul Pogba has been left out of France's national team after testing positive for the coronavirus, manager Didier Deschamps has confirmed. pic.twitter.com/F9SZhcqrn5
— ESPN FC (@ESPNFC) August 27, 2020
Францускиот селектор Дидие Дешамп изјави дека во последна минута морал да направи промена на списокот на стартери во националниот тим откако вчера на тестот се потврдило дека Погба е заразен од вирусот.
Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Танги Ндомбеле, соиграч на Погба во француската репрезентација, исто така, беше позитивен на тестот и ќе мине 14 дена во карантин.
Сезоната во Премиер лигата ќе започне на 12 септември поради натпреварите помеѓу европските репрезентации кои треба да се одиграат во Лигата на нациите.