Стрелецот на првиот гол за Манчестер Јунајтед на синоќешното финале од Лига Европа против Ајакс, Пол Погба не го криеше своето задоволство по освојувањето на трофејот.
– Ние сме многу горди по освојувањето на Лигата на Европа. Говореа дека имаме лоша сезона, ама ние освоивме три трофеи. Сите мои соиграчи играа одлично, па трофејот дојде како производ на компактноста на тимот. Наградата би сакал да ја посветам на нашите навивачи, но и на Манчестер и на цела Англија, која е во жалост поради терористичкиот напад во градот, изјави францускиот играч.
Манчестер го победи Ајакс со 2:0 со головите на Погба и на Хенрик Мхитарјан.