Подолски од Арсенал се сели во Волфсбург

Од:

Германскиот репрезентативец Лукас Подолски е пред трансфер од Арсенал во Волфсбург.

Како што пренесуваат германските медиуми Бундес лигашот Волфсбург е подготвен да му плати на Арсенал 12 милиони евра.

Подолски со „Топџиите“ има договор до 2016 година, а доколку се реализира трансферот тој со Волфсбург би потпишал три годишен договор со можност за продолжување на уште една година.

Тој за лондонскиот клуб во кој дојде 2012 година, досега одигра 53 натпревари на кои постигна 19 голови.

Подолски беше дел и од шампионскиот тим на Германија на годинашниот Мундијал во Бразил, а за репрезентацијата на својата земја за која настапува од 2004 година, досега има одиграно 116 натпревари и постигнато 47 голови.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска