Германскиот репрезентативец Лукас Подолски е пред трансфер од Арсенал во Волфсбург.
Како што пренесуваат германските медиуми Бундес лигашот Волфсбург е подготвен да му плати на Арсенал 12 милиони евра.
Подолски со „Топџиите“ има договор до 2016 година, а доколку се реализира трансферот тој со Волфсбург би потпишал три годишен договор со можност за продолжување на уште една година.
Тој за лондонскиот клуб во кој дојде 2012 година, досега одигра 53 натпревари на кои постигна 19 голови.
Подолски беше дел и од шампионскиот тим на Германија на годинашниот Мундијал во Бразил, а за репрезентацијата на својата земја за која настапува од 2004 година, досега има одиграно 116 натпревари и постигнато 47 голови.