Почнува полуфиналната фаза во фудбалската Лига Европа

Од:

До претпоследната фаза е стигнато второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување – Лига Европа. Вечерва со почеток во 21 часот и 5 минути се играат првите дуели од полуфиналните пресметки во ова натпреварување.

Португалскиот претставник Бенфика во Лисабон ќе биде домаќин на италијанскиот шампион Јувентус. Гостите се надеваат на добар резултат кој ќе им овозможи конечен триумф на реваншот, за потоа на свој терен да се борат за пехарот.

Во второто полуфинале ќе има шпанската пресметка, Севиља ја пречекува Валенсија. Домаќините на овој дуел влегуваат со поголеми шанси за победа поради предноста што ќе играат на свој терен, но и поради подобрата форма која ја прикажуваат во настапите од Примера.

Реваншите се закажани за 1 мај, а финалниот меч ќе се одигра на 14 мај во Торино, Италија.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска