Почеток на трката по трофејот во Лига Европа

Од:

Со натпреварите кои се играат вечерва од 1. коло стартува второто по ранг натпреварување на УЕФА – Лига Европа. Имињата на екипите не се звучни, но се очекува поради изедначениот квалитет неизвесни натпревари и секако во
нок-аут фазата кога ќе се приклучат и третопласираните од Лигата на шампионите многу повозбудливи дуели.

Вкупно 48 екипи се поделени во 12 групи и првите две пласирани ќе продолжат во следната фаза во пролетниот дел од сезоната 2013/2014.

Натпреварите од 1.коло се :

А група: Сент Гален – Кубан и Валенсија – Свонси.
Б група: Динамо Загреб – Черноморец и ПСВ – Лудогорец.
Ц група: Салцбург – Елфсборг и Стандард – Есбјерг.
Д група: Марибор – Рубин и Варегем – Виган.
Е група: Фиорентина – Фереира и Пандури – Дњепар.
Ф група: Ајнтрахт Франкфурт – Бордо и Макаби Тел Авив – АПОЕЛ.
Г група: Динамо Киев – Генк и Тун – Рапид Виена.
Х група: Есторил – Севиља и Фрајбург – Либерец.
И група: Бетис – Олимпик Лион и Гимараеш – Риека.
Ј група: Аполон – Трабзон и Лацио – Легија.
К група: Шериф – Анжи и Тотенхем – Тромсо.
Л група: Макаби Хаифа – АЗ и ПАОК – Шахтјор Караганди.

Во терминот од 19 часот почнуваат натпреварите во групите од А до Ф, додека во треминот од 21 часот и 5 минути е почетокот на дуелите од групите Г до Л.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска