Победи за Мајами и Сан Антонио

Од:

Ланските финалисти во НБА лигата Мајами и Сан Антонио остварија победи на ноќешните дуели и со тоа ги зголемија шансите за пласман во плеј офот.

Мајами го совлада Детроит, а предводник беше Двејн Вејд, кој постигна 40 поени.

Сан Антонио на домашен терен го победи Мемфис, тимот кој по овој пораз падна од второто на третото место на Западот.

Мајами се наоѓа на седмата позиција во „Исток“, а Сан Антонио е шестти во „Запад“.

Резултати на ноќешните дуели: Вашингтон – Хјустон 91:99, Бруклин – ЛА Лејкерс 107:99, Њу Орлеанс – Минесота 110:88, Кливленд – Филаделфија 87:86, Бостон – ЛА Клиперс 119:106, Мајами – Детроит 109:102, Сан Антонио – Мемфис 103:89, Индијана – Далас 104:99 и Феникс – Оклахома Сити 97:109.

Пласман Источна конференција: Атланта 55-18 (победи-порази), Кливленд 48-27, Чикаго 45-29, Торонто 43-30, Вашингтон 41-33, Милвоки 36-37, Мајами 34-39, Бруклин 32-40, Бостон 32-41, Индијана 32-41, Шарлот 31-41,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 60-13, Хјустон 50-23, Мемфис 50-24, Портланд 47-25, ЛА Клиперс 49-25, Сан Антонио 47-26, Далас 45-29, Оклахома Сити 42-32,…

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа