Победи на Вардар и Металург во СЕХА лигата

Од:

И двете македонските ракометни екипи, Вардар и Металург, со победи во четвртото коло, во регионалната СЕХА лига.

Вардар убедливо го победи тимот на Извиѓач со 41:23. Со оваа победа „црвено-црните“ се искачија на лидерската позиција во лигата.

Металург, со подмладен тим, до втората победа оваа сезона во СЕХА лигата стигна во Добој, каде ја порази домашната Слога со 26:23.

Вардар и Металург викендов ќе имаат обврски на европската сцена. Металург во рамките од третото коло, во Лигата на шампиони ќе гостува кај Силкеборг, додека Вардар во ЕХФ купот, во Чешка ќе гостува кај Ловосице.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ