Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички забележаа победи во натпреварите од 5.коло на кошаркарската Супер лига на Македонија.
Шампионот, МЗТ Скопје А. многу потешко од очекуваното го совлада Куманово со 81-76.
На гостинската екипа не им помогна ниту Димитар Караџовски кој средбата ја заврши со 30 поени, додека најефикасен во резовите на МЗТ Скопје беше Ксавиер Темс со 22, два повеќе од Јуре Лалиќ (20).
Затоа пак Работнички оствари убедлива победа во дуелот против Фени Индустри со 84-69. Ветераните Диме Тасовски со 22 и Владо Илиевски со 20 поени беа најефикасни во тимот на Работнички за кој Димитар Мираковски придодаде 16 поени.
Во тек е последниот натпревар од ова коло и тоа во Гевгелија, каде Кожув игра против Карпош Соколи.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 10 бода, Работнички 8, Карпош Соколи 7 (-1 натпревар помалку), Куманово 6, Фени Индустри 6, Кожув 5 (-1).