Победи на фаворитите во Бундес лигата

Од:

Екипите кои го има приматот на фаворити на средби од 29.коло одиграни попладнево во германската Бундес лига, забележаа победи.

Водечкиот Баерн Минхен на гостувањето кај Хофенхајм славеше со 2:0. Во Леверкузен и Дортмунд, победи остварија домаќините. Баер го победи Хановер убедливо со 4:0, а триумф од 3:0 забележа и Борусија која беше подобра од Падерборн.

Гостинска победа оствари Мајнц кој со 3:2 го победи Фрајбург, додека само на натпреварот во Берлин, меѓу Херта и Келн немаше голови.

Денешната програма од оваа рунда во Бундес лигата, ќе ја затворат Аугсбург – Штутгарт, додека утре ќе се играат средбите, Вердер – Хамбургер и Волфсбург – Шалке.

Табела: Баерн Минхен 73 бодови, Волфсбург 60 (-1), Баер Леверкузен 54, Борусија Менхенгладбах 54, Шалке 41 (-1),
Аугсбург 39 (-1), Хофенхајм 37, Борусија Дортмунд 36, Ајнтрахт 36..

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска