Победи на домашните екипи во попладневните дуели од Бундес лигата

Од:

Пет победи на петте попладневни натпревари од 31. коло во Бундес лигата забележаа екипите кои играа на домашен терен.

Новиот шампион Баерн против Фрајбург ја постигна 27 сезонска победа, Баер скоро и да го осигура третото место и настапот во Лигата на Шампионите со победата против Вердер, додека Аугсбург ги задржа шансите за опстанок во лигата по триумфот над Штутгарт.

Постигнати резултати на денешните пет средби од 31. коло во Германското фудбалско првенство: Баерн Минхен – Фрајбург 1:0, Баер Леверкузен – Вердер 1:0, Волфсбург – Борусија  Менхенгладбах 3:1, Хофенхајм – Нирнберг 2:1 и Аугсбург – Штутгарт 3:0.

Вечерва играат: Фортуна – Борусија Дортмунд.

Двојките за утре се: Мајнц – Ајнтрахт и Шалке – Хамбургер.

Синоќа на отворањето на колото Гројтер Фурт – Хановер 2:3.

Табела: Баерн Минхен 84 бодови, Борусија Дортмунд 61, Баер Леверкузен 56, Шалке 46, Фрајбург 45, Ајнтрахт 45, Борусија Менхенгладбах 44, Хамбургер 44, Хановер 41,…

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска